Нов рингишпил на скопскиот плоштад

Од следната пролет децата во Скопје ќе можат да се возат и на втор карусел, кој ќе биде поставен на плоштадот Филип Втори. Вртелешката ќе ја набави фирмата „Технометал Вардар“, која го доби конкурсот за јавната набавка. Оваа фирма го набави и првиот карусел кој е поставен на плоштадот Македонија, пишува Дневник

- Неделава ќе го потпишеме договорот со „Технометал Вардар“. Рокот на испорака е 180 дена од потпишување на договорот. Тоа значи дека до крајот на април ќе биде поставен и вториот карусел во Скопје - информира Душан Авировиќ, директор на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. 

 
 
03.10.2016 - 22:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега