Сеизмолошката опсерваторија со корекција: Земјотресот бил посилен од 2,7 степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава, регистрира земјотрес од источниот дел на скопското епицентрално подрачје.

Овој земјотрес се случи во 12 часот и 52 минути, со Рихтерова локална магнитуда 3.1. Истиот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала.

 

 

 
 
04.10.2016 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега