Работник падна од 4 кат - се бори за живот на КАРИЛ

 

Во 10 часот и 30  минути во Полицијата во Гази Баба, вработен во Ургентниот Центар во Скопје пријавил дека околу 10 часот и 20 минути, кај нив донесен бил повреден 45-годишниот З.Т. од Куманово,  вработен во фирмата „Профи Инжинеринг“ ДООЕЛ Куманово, кои изведувале градежни работи  на улицата „Ташко  Караџа“. Истиот паднал од скеле од 4-ти кат на земја. По укажаната лекарска помош во Ургентниот Центар бил префрлен на КАРИЛ каде од страна на доктори му биле констатирани фрактура на десната надколеница и повреди на главата.

Несреќниот работник е во тешка здраствена состојба, некомпактибилен и приклучен е на апарати за дишење.

Увид на лице место извршила полциијата и инспектор од трудова инспекција.

 
 
04.10.2016 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега