Тетово: Му го пукнале черепот со дрвен колец
Скршеници, крв, пукнатини се епилогот од крвавиот настан кој вчера во 20 часот и 45 минути се случил на улицата “Маршал Тито“ во Тетово, во непосредна близина на угостителски објект.
19-годишниот А.Ш. од Тетово и 18-годишниот Л.С. од селото М.Речица, со дрвен колец физички го нападнале 20-годишниот А.И. од селото Желино, при што му нанеле тешки телесни повреди во пределот на главата - пукнатина на черепот и фрактура на десната подлактица. Нападнатото младо момче, според податоците од полциијата, се упатило во Клиниката во Тетово каде му била укажана првична помош, а потоа поради карактерот на повредите со амбулантно возило бил пренесен во Ургентниот Центар во Скопје.
Според податоците, во 23 часот и 45 минути А.Ш. и Л.С. се пронајдени, лишени од слобода и приведени во СВР-Тетово каде се задржани за расчистување на случајот. По целосно расчистување и документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесена кривична пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа