Охрид и Стуга останаа без вода

Делови од Струга и Охрид попладнево останаа без вода за пиење поради исклучување на електричната енергија на Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ за неплатени долгови.

Според портпаролот на ЕВН Македонија, Атанас Ковачевски се работи за голем долг наталожен со години, за кој немало интерес за надминување. Граѓаните вечерва добија вода, но договор за надминување на проблемот се уште немало.

- Се обидувавме со години да најдеме начин да се надмине ова, но не наидовме на интерес од другата страна. Отворени сме да изнајдеме решение долгот да ни биде исплатен и граѓаните да имаат вода за пиење, истакна Ковачевски.

Тој информира дека согласно законите снабдувањето со електрична енергија било прекинато само на пумпите, додека струјата на колекторскиот систем не била во прекин.

- Остануваме отворени за надминување на целиот проблем, како за сите така и за овие корисници. Сите релевантни институции се известени за исклучувањето. Отворени сме за разговори да се надмине целата ситуација во интерес на граѓаните, рече Ковачевски.

Директорот на МЈП „Проаква“ Томе Паскалоски претходно во кратка изјава за МИА рече дека проблемот е надминат. – Штом има вода проблемот е надминат, рече Паскалоски.

 
 
05.10.2016 - 20:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега