Законот за енергетика и народниот правобранител пред пратениците

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Комисијата за економски прашања.

На дневен ред на Комисијата за политички систем е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Народниот правобранител, по скратена постапка во второ читање, поднесен од Талат Џафери, Илија Димовски, Џеват Адеми, Рамис Мерко, Магдалена Манаскова, Благица Ласовска, Весна Пемова и Ѓорѓи Коџабашиев.

Членовите на Комисијата за економски прашања ќе ги разгледаат Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка - второ читање и Предлог законот за изменување на Законот за минерални суровини, по скратена постапка - второ читање, поднесен од Владанка Авировиќ, Љупчо Димовски, Стојан Миланов. 

 
 
06.10.2016 - 08:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега