Поедноставување на царинските постапки во регионот

Поедноставување и хармонизација на царинските постапки во регионот“ е темата на денешната регионална конференција што ја иницира Стопанската комора на Македонија со поддршка на ЦЕФТА-ДИХК партнерскиот проект.

Целта на конференцијата е да даде реална слика на функционирањето на царинските постапки во регионот од аспект на унифицираност и функционалност, како и на можностите за целосно електронско поврзување на системите, со посебен акцент на функционирањето на е-царина.

Во воведниот дел ќе се обратат министерот за економија Дриотн Кучи, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и генералниот директор на Царинската управа на Република Македонија Наташа Радеска-Крстевска. 

Во партнерскиот ЦЕФТА-ДИХК проект се вклучени стопанските комори од ЦЕФТА регионот и Унијата на трговско индустриски комори на Германија како главен поддржувач на коморските активности кои се во насока на исполнување на обврските согласно ЦЕФТА-Договорот. 

 
 
06.10.2016 - 08:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега