Нема ден без сообраќајки во Скопје - еве што се случувало вчера

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје извршила увид на вкупно седум сообраќајни несреќи, од кои четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четири лица, а две незгоди се со материјална штета.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Како што информираа за МИА од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци. 

Санкционирани се 20 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај и 15 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.

Затекнати се и 40 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 89 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Одделението за превенција  при СВР Скопје, со почеток во 19:00 часот во просториите на ПСОН Гази Баба ќе одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат  граѓани  учесници во сообраќајоткои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи. 

 
 
06.10.2016 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега