Поради мечот Македонија-Израел сообраќајот во Скопје ќе се поремети - еве каде нема да се вози

Сообраќајната полиција денеска од 16 часот ќе воведе посебен сообраќаен режим во очекување на зголемен интензитет на сообраќајот поради меѓународниот фудбалски натпревар помеѓу  репрезентациите  на Македонија и  Израел, што треба да почне во 20:45 часот на Националната арена „Филип Втори Македонски” во рамки на квалификациите за Светското првенство во фудбал.  

СВР- Скопје информира дека од 16 часот ќе биде затворен за сообраќај дел од ул. „Аминта Трети“ и тоа на потегот од крстосницата со ул. „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“, па се до фудбалскиот стадион при што кон стадионот ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници.

Исто така во попладневните часови сообраќајната полиција ќе презема мерки за расчистување и дислоцирање на затекнатите возила на сообраќајниците и паркинг просторите околу стадионот. Во периодот по 17 часот во зависност од потребите и моменталните состојби и  интензитет на сообраќајот,  ќе се ограничи приодот на возилата уште од бул. „Илинден“, односно кон стадионот ќе се пропуштаат возила со посебни пропусници, односно селективното пропуштање ќе биде на крстосниците на бул. „Илинден“.

Од сообраќајната полиција апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, а доколку дојдат на натпреварот со возила, за паркирање да ги користат околните дозволени паркинг простори.

 
 
06.10.2016 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега