Доделен првиот сертификат за Еразмус+ повелбата за мобилност во Македонија

Првиот сертификат во Македонија за Еразмус+ Повелбата за мобилност за стручно образование и обука денеска беше доделен на училиштето АСУЦ „Боро Петрушевски“ од Скопје.

Повелбата денеска ја врачи директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Дарко Димитров на директорката на АСУЦ „Боро Петрушевски“ Соња Ристовска.

Како што се наведува во соопштението на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност училиштето АСУЦ „Боро Петрушевски“ од Скопје ги исполни сите критеруми и стандарди и успешно аплицираше за европската Повелба, со чие стекнување се овозможува да се аплицира на поедноставен начин за проекти од  Еразмус+ програмата и клучна акција 1 мобилност на ВЕТ ученици и вработени почнувајќи од 2017 година.

Со воведувањето на Повелбата во Македонија сите лица инволвирани во стручното образование и обука добиваат унифицирано признание на европско ниво по однос на градење на капацитетите за организирање квалитетни мобилности на ученици и вработени, а во исто време да се награди, промовира и развие квалитетот во мобилноста.

 
 
06.10.2016 - 13:20
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега