Ќе се поремети сообраќајот на еден од најфреквентните булевари во Скопје

 

Град Скопје ги известува учесниците во сообраќајот  дека утре и задутре ќе се изедуваат прекопи за поставување попречни инсталациии на булевар Борис Трајковски.

Утреќе се работат прекопи пред пред Техноскопа, а задутре пред Салонот за мебел Канапе. Во недела ќе се доврши прекопот на излезот од салонот за мебел Кристина  Дамил.

Како што информираат за време на изведувањето на прекопи булеварот нема  да биде комплетно затворен за сообраќај, туку ќе се одвива во фазна регулација, односно ќе биде проодна во секое време една сообраќајна лента и сообраќајот ќе се регулира со знаменца. Исто така ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација при вршење на прекопите. Прекопите ќе се вршат од 08.00 часот до 18.00 часот.

Ги молиме сите учесниците, поради ефикасно и безбедно одвивање на сообраќајот, да ја почитуваат поставената сигнализација и воспоставениот режим на сообраќај.

 
 
07.10.2016 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега