Зоран Маџиров се забил во превртена цистерна, пожарникарите морале да го сечат возилото за да го извадат музичарот

Светски познатиот музичар Зоран Маџиров попладнево тешко настрада во страотна сообраќајна незгода. Во коматозна состојба, Маџиров е префрлен на Карил во Скопје, каде лекарите се борат за неговиот живот, потврдуваат извори од струмичката „Општа Болница“.

Според првичните сознанија, Маџиров возел автомобилот марка Meрцедес, а по несреќата пожарникарите морале да го сечат возилото за да го извадат повредниот струмичанец, кој е хоспитализиран во Клиничкиот центар во Скопје.

Според првичните сознанија, Зоран Маџиров со својот автомобил удрил во цистерна која била превртена на патот.

Од страотната сообраќајка тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на радовишката Итна помош е префрлен во струмичката болница, од каде пак под итно е префрлен на Карил во Скопје.

 
 
07.10.2016 - 22:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега