Пожар во полициска станица во струмичко

 

Во полициска станица Франгово ноќеска во 02 часот избувнал пожар во подрумски простории на помошен објект на полициската станица. Пожарот е изгаснат од страна на полициски службеници.

Пожарот од засега непознати причини настанал во помошен објект каде се сместени резервоарите со нафта за греење и печката за греење. Од екипа на ЕВН била исклучена и електричната енергија.

Повредени лица нема, а увид на лице место ќе се врши во текот на денот. 

 
 
08.10.2016 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега