Велес центар на добрата музика и вкусна храна - викендов сите патишта водат таму

Питијадата во Велес започна да се одржува вчера, а Каролина Гочева, група Маестро, Љубојна и Агушево и многу други се погрижија за синоќешната одлична забава.

И денес сите патишта водат кон Велес. На истата локација, на просторот пред кафетериите вечер ќе се забавуваат Антонија Гигоска, Мики Секуловски, Наташа Малинкова, Дани Димитровска и Тропико Бенд. Журката ќе ја заокружи настапот на еден од најпознатите балкански музички изведувачи Жељко Јоксимовиќ.

Утре, недела, бината е резервирана за Eye Cue, Нокаут, ДНК и популарните Ван Гог чиј настап и официјално ќе ја заокружи годинешната манифестација.

 
 
08.10.2016 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега