Градоначалникот Трајановски се сретна со францускиот амбасадор Тимоние

 

На средбата, како што информира Град Скопје, Трајановски ја потенцирал важноста од зголемување на соработката меѓу главните градови Скопје и Париз, како и размената на заемни искуства меѓу двете држави, особено во областа на урбанизмот, сообраќајот, екологијата, електромобилноста…

trajanovski1

Францускиот амбасадорот Тимоние изразил желба за продлабочување на успешната соработка меѓу двете држави во повеќе области. Тимоние и Трајановски разговарале и за досегашната соработка на Град Скопје со збратимените градови од Франција, Дижон и Рубе и изразиле подготвеност таа да се интензивира со поддршка од Амбасадата.

Градоначалникот Трајановски информирал за проектите на кои градот е фокусиран и ја истакнал одличната соработка со Амбасадата на Република Франција во Република Македонија. Тој изразил голема благодарност за учеството на француската театарска група на културно-уметничкиот настан „Бела ноќ 2016“, кој истовремено се одржува во Скопје и во Париз.

 
 
10.10.2016 - 16:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега