Маж од Гостивар преживеа вистински хорор

Во Полициската станица во Гостивар вчера во 10:00 часот М.С (57) од гостиварското село Калиште, вработен како овчар кај Џ.И. од село Страјане, пријавил дека на 07.10.2016 година околу 12:00 часот, додека ги напасувал овците во атар на селото Страјане,  две непознати лица извршиле разбојништво врз него. 

Додека се ракувале со пријавителот, соопшти денеска МВР, едниот од нив го сопнал и го соборил на земја по што му ги врзале рацете со јаже и со закана со нож му побарале пари. Сторителите извршиле претрес над М.С. и од внатрешните џебови од палтото му  одзеле паричник  во кој имал еден клуч од стан, околу 150 евра во разни апоени и мобилен телефон. После тоа сторителите, така врзан, го однеле до шумата каде што едниот од нив го удрил неколку пати со тупаници во пределот на вратот и телото, а потоа го оставиле и си заминале. По кратко време М.С. успеал да ги одврзе рацете и се упатил во селото.

ПС ОН Гостивар презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 
 
11.10.2016 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега