ТРАГЕДИЈА: Жена пронајдена мртва во својот дом во Велес

Вчера во 08:00 часот во Велес на улица „Благој Страчковски“ во сопствената куќа, З.Н.(65), која боледувала од паркинсонова болест, била пронајдена почината од страна на нејзиниот сопруг.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Велес.

Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи во Велес, а по наредба на Јавен обвинител врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција. 

 
 
11.10.2016 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега