Во Крива Паланка одбележан празникот 11.Октомври

Во Крива Паланка денеска 11.Октомври-Денот на народното востание беше одбележан со положување цвеќе на споменикот на паднатите борци од Народноослободителната борба пред локалната самоуправа на општината.

Цвеќе положи делегација од општинскиот Сојуз на борци, делегација од кабинетот на градоначалникот на Крива Паланка, пратеникот во собранието на РМ од ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка, Слаѓана Митовска, делегации од политичките партии и останати институции од општината.

- На овој ден одекнаа првите истрели во Прилеп и Куманово, востаничките градови во кои се озваничи почетокот на востанието,единствено што заврши со успех, да се остварат вековните стремежи Македонија да се ослободи од ропството и да создаде своја држава, рече Славе Јовановски од Сојуз на борци од НОБ, Крива Паланка.

Присутните упатија порака да се продолжат идеите на предците, на хероите, да се гради просперитетна држава која ќе напредува во заедништво.

- На денешнито голем празник се сеќаваме оддавајќи им почит на сите оние кои се бореле за слободата, за да ние денес имаме еден достоинствен живот, да имаме самостојна и суверена Македонија. Посакувам да имаме убава и просперитена држава, нека ни е вековита татковината, рече Слаѓана Митовска, пратеник во Собранието ан РМ од ВМРО-ДПМНЕ, Крива Паланка.

-Нека историските вредности за кои се бореле нашите предци бидат пред се и над се на секој граѓанин во државата, најважен е секој граѓанин, најважен е животот, а ние пред предците ја имаме обврската да го продолжиме тој пат, рече Љупчо Николовски, дополнителен заменик министер за земјоделство од СДСМ.

Игор Додевски, советник на градоначалникот на Крива Паланка, повика на единство и насочување кон заедничкото добро на Македонија.

Одбележувањето на 11 Октомври во Крива Паланка, Сојузот на борци од Крива Паланка го продолжи со полагање цвеќе на спомен обележјето од НОБ во село Луке. 

 
 
11.10.2016 - 13:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега