ФОТО: Во Прилеп одбележан 11-ти Октомври, денот на Народното востание

Во присуство на Министерот за одбрана Зоран Јолевски, пратениците во Собранието на РМ, советници, борци, претставници од локалната самоуправа предводена од градоначалникот Марјан Ристески, политички партии и пред голем број на граѓани денеска беше положено свежо цвеќе пред спомениците од втората светска војна.

Делегациите се поклонија на Могилата на непобедените, во Паркот на Револуцијата, каде се моштите на 650-те борци што ги дал Прилеп, пред бистите на народните херои во Алејата на хероите. Почит им беше оддадена и на првиот председател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто и на идеологот на Револуцијата Кузман Јосифоски Питу.

Министерот Јолевски посочи дека:

„Столбот на државноста, гарантот на независноста на Република Македонија своите корени ги влече токму од идеите за слободна Македонија, идеите за победа над тиранијата на фашистичкиот окупатор. Токму затоа, овој голем празник, денот кога пукнаа првите пушки во Прилеп и Куманово, Македонија застана на страната на правдата е многу значаен за нас“.

„Прилеп и прилепчани секогаш несебично застанувале на браникот на Татковината. Овој град многу дал за слободата на Македонија и затоа е гордост да се биде Прилепчанец посебно на овој голем ден“, посочи во својата изјава градоначалникот Марјан Ристески.

Во чест на празникот, на булеварот „Гоце Делчев“ се одржа и изложба на оружје и воена опрема на АРМ. Изложбата ја организираат Министерството за одбрана и АРМ. На булеварот се одржа и изложба на автомобили и олд-тајмери.

prilep-4

prilep-3

prilep-2

prilep-1

 

 
 
11.10.2016 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа