Јован Илиевски избран за судија во Судот за човекови права во Стразбур

Јован Илиевски е избран за македонски судија во Судот за човекови права во Стразбур. Како што дознава Пресс24, Илиевски е избран од петнаесетте кандидати од Македонија, меѓу кои како конкуренција ги имаше уставната судијка Наташа Габер-Дамјановска и амбасадорот Звонимир Јанкуловски.

Илиевски со 106 гласа ЗА беше бил избран за судија, додека уставната судијка Габер-Дамјановска имала 86 гласа.

 Јавниот обвинител за гонење организиран криминал во 2009 година беше избран во Јавното обвинителство на Македонија.

Инаку, изборот на судија од Македонија беше една од главните точки на есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, а гласањето за судиите беше тајно и првиот круг започна вчера.

Инаку, Советот на Европа е меѓувладина организација формирана на 5 мај 1949 година од 10 земји и тоа Белгија, Данска, Франција, Ирска, Италија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Шведска, Велика Британија), кон кои потоа се приклучуваат Грција и Турција, Исланд и Германија, Австрија, Кипар, Швајцарија,  Малта, Португалија, Шпанија, Лихтенштајн, Сан Марино, Финска, Унгарија, Полска, Бугарија, Естонија, Литванија, Словенија, Чешката Република, Словачка, Романија, Андора , Летонија, Албанија, Молдавија, Украина, Република Македонија, Русија и Хрватска , Грузија, Азербејџан и Ерменија и Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора и Монако.

 

 
 
11.10.2016 - 19:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа