Цело маало го гаснело пожарот: Изгореа две куќи во виничко

Во 09 часот во селото Блатец, виничко, во куќата во сопственост на Г.Т. настанал пожар, кој се проширил и ја зафатил куќата сопственост на неговиот брат Н.Т. Во пожарот изгореле двете куќи. Од страна на членови на семејството и соседите пожарот бил изгаснат. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Штип, а причинетата материјална штета дополнително ќе биде утврдена.

 
 
12.10.2016 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега