Македонската полиција влезе во локали во Тетово

 

Вкупно 27 албански држајвани на различна возраст од 18 до 51 година најмногу од Либражд, Подградец, Кукс, Корча и други места биле откриени утринава при акциска контрола на полицијата  за откривање странски државјани во Тетово, Џепчиште и Боговиње кои непријавено престојуваат или работат на на ова подрачје, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци контролата била спроведена на неколку локации утрово од 6 до 8 часот.

- Дваесет и седумтте албанските државјани непријавено престојувале и најверојатно работеле или барале работа на подрачјето. По кусото задржување во СВР Тетово, предадени се во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка, изјави Јосифовски. 

 
 
12.10.2016 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега