Осуммина повредени во Скопје

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на вкупно 17 сообраќајни несреќи, во кои осум лица се повредени.

Како што информираа за МИА од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци. 

Санкционирани се шест возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач го управувал возилото под дејство на алкохол и девет возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.

Затекнати се и тројца возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон и шест возачи кои поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 96 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

 
 
13.10.2016 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега