Страшна сообраќајка во Велес: Жена тешко повредена

Четириесет и едно годишната В.Е. е тешко повредена во сообраќајна несреќа која вчера утрото се случила на локалниот пат Велес-село Раштани.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале „Фиат Добло“ со велешки ознаки управувано од 55-годишниот Д.Ј. и автомобил „Ауди“ исто така со велешки регистерски таблички кој го управувал 18 годишниот Ф.Е.

Со тешки повреди се здобила сопатничката од Аудито, 41-годишната В.Е. додека двајцата возачи минале со полесни повреди. Тројцата повредени се пренесени во велешката болница каде се задржани на понатамошно лекување.

Увид на местото на несреќата извршила полициска екипа.

 

 
 
13.10.2016 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега