Пожар пеплоса котларница за парно во Тетово - во близина имало многу куќи

Изутрината околу 10 часот од засега непознати причини се запалил објектот на котларницата за парно греење што се наоѓа зад зградата на општината во Тетово. Во пожарот целосно изгореле котлите и другата инсталација заедно со целиот објектот.

Со брза интервенција на тетовските пожарникари спречено е огнот да се прошири на резервоарите за гориво, како и на другите објекти и куќи што се наооѓаат во близина на котларницата.

- Интервениравме со четири противпожарни возила возила и девет пожарникари и брзо и ефикасно го изгаснавме огнот со што спречивме пожарот да се прошири на другите објекти и нема никаква опасност понатаму. Спречивме да дојде до некоја експлозија иако не знаеме дали има гориво или не внатре. Причините за појавувањето на пожарот и вкупната материјална штета ќе ги утврдува истрагата што треба да ја спроведе полицијата, изјави раководителот на тетовската територијална противпожарна единциа Ука Алити.

Во пожарот освен материјална штета на објектот и инсталациите на котларницата нема повредени кај пожарникарите, вработените во општината и други лица.

 
 
14.10.2016 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега