Канцелариите на УЈП во ГТЦ преселени во поранешен ПИОМ

Центарот за наплата на глоби и други јавни давачки на Управата за јавни приходи (УЈП) е преместен во нов објект во поранешната централа на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (ПИОМ), до зградата ССМ, каде што во непосредна близина се наоѓа и Дирекцијата за големи даночни обврзници.

УЈП денеска соопшти дека канцелариите на Центарот кои досега беа сместени во Градски трговски центар (ГТЦ), нема да бидат во функција.

Од Управата ги потсетуваат сите обврзници дека Контакт центарот / Повикувачки центар на УЈП, функционира на приземјето на УЈП – Регионална дирекција Скопје (зграда до ЗОИЛ), кој претходно се наоѓаше во Градскиот трговски центар Скопје.

 
 
14.10.2016 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега