Почна изградбата на фекална канализација за Трубарево - втора фаза

 Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, денеска го означија почетокот на градежните работи на новата фекална канализација во населеното место Трубарево, втора фаза, во должина од четири километри и со две препумпни станици, соопшти денеска Град Скопје.

Градоначалникот Трајановски, рече дека недостигот од фекална канализација е голем проблем за жителите на овие населени места во општината Гази Баба и затоа Градот Скопје и помага на општина Гази Баба во решавањето на овој горлив проблем.

- Минатата година Градот Скопје со 12 милионa денари учествуваше во изградбата на првата фаза од фекалната канализација во населеното место Трубарево, проект кој чинеше вкупно 22 милиона денари. Оваа година се вклучуваме во реализацијата на втората фаза од проектот за изградба на фекална канализација во населеното место Трубарево и во вкупната вредност на проектот од 22 милиона денари, Градот Скопје учествува со 12 милионa денари, рече Трајновски и додаде дека Градот Скопје оваа година издвојува 25 милиони денари како помош за општината Гази Баба за изградба на фекална мрежа за Јурумлери, Скопско поле, Трубарево и Црешево.

Градоначалникот на Гази Баба се заблагодари на Градот Скопје за поддршката во реализацијата на овој капитален проект.

-  Во првата фаза од овој проект е изградена примарна фекална канализација во должина од 1,2 километри и пумпна станица, во што беа вложени 22 милионa денари, од кои 10 милиони денари издвои општина Гази Баба, a остатокот ги издвои Град Скопје. Сега, во оваа втора фаза ќе се изградат 4 километри примарна фекална мрежа со 2 препумпни станици, за што исто така ќе се вложат 22 милиона денари. Во таа сума градот Скопје учествува со 12 милиони денари, а општина Гази Баба со 10 милиони денари. Очекувам граѓаните набрзо да почнат да се приклучуваат кон новиот систем, рече Трајковски. 

 
 
14.10.2016 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега