Избрани најбезбедните и најчисти училишта во Македонија

Најчисти и најбезбедни училишта за учебната 2015/2016 година во Македонија се ОУ „Тошо Велков-Пепето“ од Кавадарци и СЕТУГС „Михајло Пупин“ од Скопје. Признанијата на најдобрите денеска им ги додели министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, кој истакна дека МОН веќе трета година по ред го реализира натпреварот за најбезбедни и најчисти училишта.

Министерот Лутфиу информира дека овој проект има голем успех. Според него, најголем придонес за успешносата на проектот имаат учениците и вработените во основните и средните училишта. 

- Годинава на натпреварот конкурираа 15 училишта, 10 основни и пет средни. Комисијата која ги разгледуваше апликациите и која ги посети училиштата едногласно одлучи дека најчисти и најбезбедни училишта се „Тошо Велков-Пепето“ од Кавадарци на првото место, второ е „Васил Главинов“ од Велес, а на трето место „Рајко Жинзифов“ од село Долно Оризари, Велес, рече Лутфиу.

Тој информира дека едногласна била одлуката и за средните училишта. Првото место го освои СЕТУГС „Михајло Пупин“ од Скопје, второпласирано е СУГС „Владо Тасевски“ од Скопје, а трето „Ацо Русковски“ од Берово.

Амбасадорот Нина Суомалаинен, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Македонија потенцира дека сигурна и безбедна средина за сите ученици е основен предуслов за учењето. Таа им честита на наградените и на МОН за одличната соработка.  

Првонаградените училишта од МОН ќе ќе добијат додели смарт табла, а останатите ќе добијат награди, обезбедени од Мисијата на ОБСЕ во Македонија. 

Одговорајќи на новинарски прашања, министерот Лутфиу појасни дека се планира објектот на новиот Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје да биде готов за две-три години. Додаде дека Универзитет на ЈИЕ му дава поддршка на новиот универзитет, а за Ректоратот на универзитетот договорено е од понеделник да биде во Сојузот на синдикатите. 

Тој рече дека досега околу 80 студенти се запишани, а се очекува бројот да се зголеми и да достигне до 100-150. Првиот академски час се планира за следната недела. 

Министерот за образование информира дека има простории за сите студенти и има доволно наставен кадар.

 
 
14.10.2016 - 14:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега