Миноски: Со кредитните линии од државата компаниите се развиваат и отвораат нови работни места (ВИДЕО)

Во однос на даночната политика ние како Владата следиме една економска филозофија на ниски даноци. Еден правец на економијата која верува во перфектноста на пазарот и приватниот сектор, истакна министерот за финансии Кирил Миноски на денешната панел дискусија организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема 160.000 нови вработувања.

-Предностите на ова концепција е намалување на даночната евазија. Дури и во услови на политика криза имаме зголемена наплата на даноци и успешно одолеваме на сите политички притисоци. Предноста е што веруваме во способноста на приватниот сектор кој е единствениот кој креира додадена вредност Даночната политика оди во прилог за креирање услови за развој на создавање и проширување на капацитетите, воведување на нови технологии, истакна Миноски.

Тој додаде дека Македонија е мала економија и мора да бидеме отворена економија за креирање производи кои ќе бидат конкурентни не само на домашниот туку и на светскиот пазар.

-Кога се зборува за концептот на одржлив економски раст говориме за мерки во делот на деловното опкружувањето и развој на приватниот сектор, додаде Миноски.

Една од мерките за да се развијат компаниите е да им се дозволи пристап до капитал. Обезбедувањето на кредитните линии кои ги пласираше државата им  обезбедија на компаниите да ги развиваат своите политики и планови и да креираат нови работни места. Сите мерки кои се однесуваат на пристапот до финансии влијаат директно и тоа е она што ги движи компаниите се  разбира тука се и човечкиот ресурс и технологија. Овие евтини кредити одиграа позитивна улога во развојот на македонските компании.

 
 
14.10.2016 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа