Костадиновски: Над една милијарда евра субвенции исплатени на земјоделците

Грижата за земјоделците е голема и таа ќе продолжи во иднина, беше истакнато на денешната панел дискусија на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако во минатото до 2005-та статусот на земјоделецот бил на многу ниско ниво, биле фрлени на милост и немилост, Владата на ВМРО-ДПМНЕ од 2006-та до денес има исплатено над една милијарда евра субвенции за поддршка на приходите кои земјоделците ги остваруваат од својата дејност. Со донесување на низа закони со кои ќе се овозможи канализирање на земјоделските стопанства да бидат евидентирани, да се обезбедат за нив низа мерки, да бидат насочени и да користат низа мерки кои се предвидени како пакет кој го спроведуваме 10 години, рече Костадиновски.

Тој потенцира дека ефектот од овие политики е голем.

-Во 2005-та година имало 10.000 евидентирани земјоделци, денес во регистарот има 100.000.  Со сетот на мерки од изминативе години се овозможува самовработување за земјоделците и за проширување на бизнисот. Се субвенционира набавка на добиток, на земјоделска механизација,  се обезбеди достоинствен начин на живот за земјоделците пензионери, тие да си ја обезбедат иднината. Во минатото кога не се водело грижа за нив, тие работеле ама ги немало во евиденцијата. Сега можат да си остварат достоинствена пензија, истакна заменик министерот во МЗШВ.

Тој потенцира дека минативе години се зголемува и извозот на земјоделски производи.

 
 
14.10.2016 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега