Голем инцидент во ГУЦ „Здравко Цветковски“

Инцидент се случил во средното училиште „Здравко Цветковски“ во Скопје. Вчера  околу 17,45 часот  ос страна на   А.Т.  пријавил дека во ГУЦ „Здравко Цветковски“ бил нарушен  јавниор ред и мир и на тој начин што од страна на неколку ученици физички биле нападнати двајца малолетници од истото училиште, кои се здобиле со повреди и биле пренесени во болницата  „8-ми Септември“ за укажување на лекарска помош. Како  сторители  биле  посочени три лица кои со родителите биле повикани на разговор кај педагогот во училиштето. Известени се полициски службеници од ОНК и малолетничка деликвенција и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
15.10.2016 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега