ФОТО: Едно лице загина во страшна сообраќајка пред Охрид
Тешка сообраќајна несреќа се случи доцна попладнево на стариот пат Охрид- Струга во близина на новоизградената плажа на општина Дебарца.
Неофицијално, според очевидци, во судар на такси возило и моторцикл животот го загубило едно лице.
Од СВР Охрид ја потврдија информацијата, посочувајќи дека можеби во незгодата учествувале повеќе возила.
На местото на несреќата во тек е увид, а сообраќајот на овој патен правец е во прекиn.
15.10.2016 - 21:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа