Полицаец вечерва загина во Охрид

Полицаецот А.С. кој бил на возраст од 25 години го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа која се случи на патот Охрид - Струга вечерва.

Тој загина во сообраќајна несреќа на патничко возило и моторцикл што се случи вечерва на стариот пат Охрид - Струга во близина на аеродромската писта управувајќи го мотциклот

Според информациите кои за Охрид1 ги потврдија полициски извори, загинатиот почнал со служба во Полиција пред неколку месеци.

Трагичната сообраќајна несреќа се случи на стариот пат Охрид Струга вечерва, нешто по 18 часот на стариот пат Охрид - Струга, во близина на пистата на аеродромот.

 
 
15.10.2016 - 22:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега