Телохранителот на Заев доби прекршочна откако претепа неколку деца во дискотека во Струмица

МВР му поднесе прекршочна пријава на Aлександар Трајков, телохранителот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој учествувал во инцидент во Струмица вчера вечер, велат од МВР за 24 вести.

Од СДСМ порачуваат дека Трајков ќе биде отстранет од придружба на Заев на определно време, во исчекување на наодите во МВР. Во врска со информациите за евентуална инволвираност во инцидент на Александар Трајков, едно од лицата од придружбата на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, соопштуваме дека споменатото лице било приватно излезено во Струмица, додека претседателот Заев присуствувал на партиски активности во Охрид, стои во соопштението од СДСМ
Трајков според информациите кои денеска беа објавени во медиумите, минатата ноќ во дискотека во Струмица физички нападнал десетина лица, од кои неколкумина со потешки повреди завршиле во болница.
 
 
15.10.2016 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега