Уште една тешка сообраќајка кај Охрид - две лица итно пренесени во болница

Во близина на селото Врбјани, на патот Охрид – Кичево утрово во 9 часот и 40 минути се случила тешка сообраќајна несреќа. Две лица се потешко повредени и пренесени во специјалната болница Свети Еразмо, пренесува Охирд 24

– Возило џип, марка „бмв“ со струшки регистарски таблици во кое имало четворица патници се излизгало од патот, а во сообраќајката потешко се повредени две лица кои веднаш се пренесени во специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. На местото на несреќата е извршен увид од страна на полицијата, информираше заОХРИД 24 Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

 
 
16.10.2016 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега