Тетово: Му влегол дома и му ја разнел куќата со експлозив

Му влегол дома и во една од собите му поставил бомба, ја активирал и побегнал.

Вчера околу 23,50 часот во с.Мала Речица–тетовско во куќа сопственост на К.К. (66) кој се наоѓа на времена работа во Р.Италија, непознат сторител насилно ја отворил помошната врата на приземјето од куќата, влегол внатре и на самиот влез од дневната соба во кујната поставил експлозивна направа со спорогоречки фитил, го запалил по што го напуштил местото на настанот. По кратко време настанала детонација од која целосно била оштетена внатрешноста на истата просторија, дрвените прозори, фасадата и ѕидовите во просториите од приземјето, помошната врата како и стаклата на влезната врата од катот. На соседната куќа сопственост на М.Б.(57), кој во моментот на експлозијата со семејството бил во неговиот дом, од исфрлените дрвени прозори на кујната, скршено било стакло на прозор од претсобјето. По претходно извршено пребарување на теренот од страна на специјалците на МВР, увид на местото на настанот извршиле ЈО при ОЈО Тетово и увидна екипа од СВР-Тетово. Бил пронајден и подигнат предметен материјал и доставени за вештачење. СВР-Тетово превзема мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

 

 
 
16.10.2016 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега