Крвава несреќа во студентски дом: Легнал на кревет - го однеле крвав во болница

Во 21 часот и 40 минути во Битола, во Студенскиот дом „Кочо Рацин“, седумнаесетгодишник од Битола се самоповредил со нож. Истиот скокнал со грбот на креветот, на кој што по негово кажување имало оставено нож, и се самоповредил. Откако се преслекол, забележал дека на грбот има повреда со обилно крварење. Веднаш потоа 24-годишниот Д.Д. од Охрид и 23-годишниот Н.Д. од Кавадарци, кои биле во собата, со такси возило го однеле во Клиничката болница во Битола. Од страна на лекар констатирани се тешки телесни повреди и истиот е задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Битола.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

 
 
17.10.2016 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега