Удрил во знак па излетал од патот: Малолетник од Струга се бори за живот

Страотна сообраќајка се слчи во 09 часот и 30 минути на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на местото „Сливоски анови“. 27-годишниот  Е.М.  од селото Радолишта, струшко, управувајќи возило „БМВ“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, удрил во сообраќајни знаци за обележување на автопатот во изградба, и излетал од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Е.М. и неговите сопатници, 31-годишниот Р.Ф. од Струга и седумнаесетгодишник од Струга.  Истите биле пренесени во Болницата Свети Еразмо, каде Е.М. и Р.Ф. биле задржани на лекување,  додека малолетникот, поради сериозноста на повредите опасни по живот, бил префрлен во Ургентниот центар во Скопје. Во периодот од 10.10 до 12.00 часот, за време на вршење на увидот од екипа на СВР Охрид, сообраќајот се одвивал со наизменично пропуштање на возилата.

 
 
17.10.2016 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега