Гореше стар магацин на Македонски железници - 11 пожарникари се бореа со огнот

Изгоре покривната конструкција на стариот магацин, кој се наоѓа во непосредна близина на Железничката станица во Штип.

Командирот на Територијалната противпожарна единица- Штип Благој Ренџов изјави дека синоќа 11 пожарникари со две противпожарни возила го гаснеле пожарот во стариот магацин.

- Се работи за опожарена покривна конструкција. Пожарот е ставен под контрола. Дежерна екипа до раните утрински часови беше на објектот, со цел да се контролира и да се догаси. Материјалната штета надлежните институции ќе ја утврдат, рече Ренџов.

Тој истакна дека на местото излегла и екипа на крим техника од СВР-Штип, која треба да ги утврди причините за пожарот. Во објектот се чувале стари предмети на Македонски железници, а штетата од пожарот е само на покривната конструкција.

- По пожарите на отворено, ова ни е прва интервенција на објект, рече Ренџов.

Штипските пожарникари според евиденцијата во текот на оваа година интервенирале на околу 220 пожари. 

 
 
18.10.2016 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега