Трагедија во Идризово: Затвореник почина на пат кон болница

Трагедија се случи вчера во затворот Иризово. Во 23 часот и 11 минути било пријавено дека околу 21 часот и 45 минути на патот од Затворот Идризово кон Клинички Центар  во возило починал затвореник.

Се работи за 46-годишниот Ш.З. од селото Радожда, струшко.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е пренесено на судска медицина за обдукција.

 
 
18.10.2016 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега