Најчудните нешта во Скопје: Снег веел 105 дена, земјотресот срамнил се со земја

Најчудните работи што се случиле во Скопје во периодот од 1955 до 1963 година се: „чудниот снег“ „поплавата“ и „земјотресот во Скопје“. Сведочењето на сите три катастрофи ги раскажуваат старите скопјани кој при сеќавањата на тие тешки денови со многу храброст се навраќаат за да ја доловат таа ужасна слика.

(1955/56-година Скопје) Во Скопје под чудни околности без престан паѓало снег 105 дена. За оваа чудна зима има многу малку информации и многу малку луѓе се сеќаваат. Радијата секојдневно најавувале нови врнежи на снег се до последниот ден од бурата, а тоа бил рекордниот 105-ти ден од далечната 1955/56. Мажите секојдневно ги чистеле улиците за да можат да одат на работа, а секое утро се зголемувале сантиметрите на снежната прекривка, пренесе Курир.

(1962-година Скопје) На 16-ноември поради обилните врнежи од дожд реката Вардар го поплавила Скопје. Поплавени биле околу 5.000 куќи. а скоро сите скопски населби биле под вода. Според раскажувањата на сведоците, поплавата не била предизвикана само од реката Вардар, туку и од Маркова река во Драчево каде целата населба била под вода. За среќа нема евидентирано ни една жртва во поплавата, но вистинската цена од несреќата се исплатила после неколку месеци поточно во 1963-година.

(1963-година Скопје) Утрото го најавувало големиот христијански празник „Св Архангел Михаил“ на 26-јули 1963 година. Во 05 часот и 17 минути, најверојатно како реакција од поплавите и повлекувањето на водата од почвата, се случила вистинка катастрофа кога Скопје било срамнето со земја од катастрофалниот скопски земјотрес.

 
 
19.10.2016 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега