Град Скопје започна теренска проверка на барања за субвенционирање печки на пелети

Комисијата на Град Скопје информира дека во тек е теренска проверка на доставените барања за субвенционирање на дел од трошоците за набавка на печки на пелети.

Како што соопшти Град Скопје, досега се пристигнати 242 барања на граѓани и искористена е значителна сума од финансиските средства, предвидени за таа намена.

Официјални податоци за конечната исцрпеност на средствата, како што информира Град Скопје, Комисијата ќе даде откако ќе ја спроведе теренската проверка.

 
 
19.10.2016 - 18:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега