Драма во Куманово: Младо момче итно донесено на Ургентен

 

Во 01 часот и 50 минути во Полицијата во Куманово од Општа Болница- Куманово е пријавено дека кај нив е донесен 25-годишниот В.С. од селото Лопате, со неутврден карактер на повреди, поради што е препратен на понатамошно лекување во Клиниките во Скопје. По извршените проверки е констатирано дека В.С. бил физички нападнат во Куманово на улицата „Октомвриска Револуција“ пред Угостителскиот објект „Версус“ од страна на 22-годишниот С.С.  од Куманово и уште три засега непознати лица.

Увид  на лице место е извршен од екипа од СВР Куманово и се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот, кој од страна на Јавен обвинител е квалификуван како кривично дело „насилство“.

 
 
23.10.2016 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега