"Ќе пукам десет пати во тебе" - филмско приведување кај ГТЦ во Велес

 

Во 05 часот и 45 минути утрово, во Велес на улицата „Б.Ѓорев“ кај ГТЦ пред пекарата, по претходно нарушен јавен ред и мир, 28-годишниот А.М. од Велес ги омаловажувал полициските службеници кои биле на местото на настанот. По ова физички нападнал полициски службеник, го потегнал за јакната, а потоа со рака го удрил во пределот на градите. Потоа му се заканил дека ќе го извади пиштолот и ќе испука 10 куршуми во неговата глава. Од страна на полицискиот службеник бил одбиен нападот и со употреба на физичка  сила А.М. бил соборен на земја и врзан со лисици.

При интервенцијата, 31-годишниот А.А. од Велес, кој бил во друштво со А.М. замавнал со нога кон полицискиот службеник за да го спречи да го врзе другарот со лисици, но од страна на други полициски службеници истиот бил спречен.

А.М. и А.А. се лишени од слобода и доведени во ПС ОН-Велес за понатамошна постапка.

 
 
23.10.2016 - 12:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега