Пијан скопјанец ја крена полицијата на нозе

Околу 16 часот и 30 минути во Полиција во Скопје, Д.Т. од селото Долно Соње, скопско, пријавил дека соседот З.Т. (38) го вознемирувал. Полициски службеници од  Кисела Вода излегле на местото на настанот,  каде го пресретнале З.Т.  кој почнал да бега. Едниот полициски службеник успеал да го стигне, но истиот му задал удар со тупаница во пределот на градите. За кратко време З.Т. бил совладан и приведен во полициска станица, каде му бил направен алкотест и констатирани му биле 2,23 промили алкохол во крвта. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

 
 
24.10.2016 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега