Жестока тепачка помеѓу Чкембарите и Фалангата, повредени полицајци

Шест полициски службеници од Кочани се повредени по вчерашниот фудбалски натпревар „Брегалница“ - „Пелистер“ откако интервенирале поради нарушување на јавниот ред и мир, соопшти МВР.

Инцидентот се случил околу 16:40 часот, а го предизвикале навивачи на ФК „Пелистер“ кои на заминување, излегле од автобусот и се упатиле кон паркираниот автобус на ФК „Брегалница“, како и кон граѓани кои биле присутни на натпреварот. 

Во обид да спречат настанување поголем метеж, полицајците биле физички нападнати од поголем број навивачи. Покрај нив, телесни повреди здобиле и навивачи. Сите се пренесени во Клиничкиот центар Кочани за укажување лекарска помош.

За кратко време ситуацијата се смирила, навивачите со автобусот биле препратени до Штип, а приведени  се П.Д. (18), К.Д. (40), Д.З. (23), А.Л. (19) и Б.К. (38), од Битола.

За настанот е информиран и јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 
 
24.10.2016 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега