Заев: Ако победиме на избори поради реформите кои ќе ги спроведеме граѓаните нема да ни дадат втор мандат

Не се надевам на два мандати во серија, бидејќи доколку победиме на избори, по реформите кои ќе ги спроведеме, логично е да загубиме. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за Утрински весник вели дека е подготвен да изгине за Македонија

„За мене главна цел е Македонија да стане модерна, демократска, успешна и просперитетна држава, членка на ЕУ и НАТО. Затоа ако СДСМ победи на изборите, јас ќе бидам на чело на Владата еден мандат и ништо повеќе. Повеќе не е можно зошто во тој мандат ќе има големи реформи, кои Македонија ќе ја вратат на вистинскиот пат, па политичарите логично е да загубат на избори после тоа. Ако нашите претци гинеа на бојното поле за Македонија зошто политичарите да не се подготвени да носат крупни одлуки, кои ќе ја донесат нашата земја на вистинскиот пат, притоа знаејќи дека тоа може да има огромно влијание врз нивните политички кариери. Груевски седум години работи спротивно на тоа што го зборува. Тој никогаш не носи лидерски одлуки. Седум години вели дека одлуките ќе ги носи заедно со граѓаните, па нели граѓаните избраа политичари да носат одлуки и да ги водат“ - вели Заев за Утрински весник

најчитано сега