Една година од трагедијата: Нема виновници за смртта на Маја и нејзиното бебе

Една година по големата трагедија во Македонија, сеуште нема виновници за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното новороденче кои починаа во гевгелиската болница. Царскиот рез кој требаше да донесе нов живот на свет и среќа во семејството, заврши кобно и ја донесе големата трагедија која ја одведе мајката во смрт.

- Помина долго време, конечно по едно одложување е закажано ново рочиште и се надевам дека нема да има нови одложувања и дека на крај ќе се истера правдата, вели Мите Кадиев, сопруг на починатата родилка, пренесува Сител.

За потсетување, починатата Кадиева иако немала никави индикации за породување, еден од обвинетите гинеколозите и закажал царски рез. Операцијата не почнала на време поради доцнењето на еден од анестезиолозите кој придстигнал пијан и во таква состојба не успеал правилно да и даде антестезија на пациентката по што на помош му пристигнал веќе починатиот анестезиолог кој исто така бил во алкохолизирана состојба. Кадиева починала од задушување откако не успеале безбедно да ја интубираат. 

Во номеври минатата година,  Лекарската Комора до завршување на судскиот процес им ги одзема лиценците за работа на двајцата анестезиолози. 

 

 

 

 
 
25.10.2016 - 08:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега