Детали за Србинот кој почина на скопските Клиники - што му се случило?

34-годишниот Србин, со иницијали Т.Л. кој синоќа околу 21 часот починал на Клиниката за токсикологија во Скопје, откако од прилепската Служба за Итна медицинска помош бил пренесен тука, заради исклучително тешката здравствена состојба според првичните информации од прилепската Болница, најверојатно бил затруен со опијати, односно наркотици.
 
Прилепските лекари дијагностицирале сериозни животно - загрозувачки пореметувања во работата на бубрезите, заради што била потребна и дијализа, како и на црниот дроб, пренесе Сител. Сега починатиот српски државјанин Т.Л. бил дојден на гости кај свој пријател од Прилеп, кој и го донел во прилепската Итна помош, од каде веднаш бил транспортиран на Клиниките во Скопје, каде, за жал, по 7 часа и починал.
 
 
25.10.2016 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега