Верниците бесни - влетал со возилото во црквата Света Петка

Оштетен е тревникот во дворот на новата црква „Света Петка“ во Кавадарци, полицијата го расветлува случајот, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска. 

- Лице вработено во агенција за обезбедување пријавило во Полициската станица Кавадарци дека изминатата ноќ, непознато лице со возило поминало преку дворот на црквата „Света Петка“ во Кавадарци, лоцирана на булеварот „Цветан Димов", рече портпаролката.

Според пријавата, како што додаде, било направено оштетување на тревнатиот дел во дворот со површина од околу 50 квадратни метри.

- Излезено е на лице место, се превземаат мерки за расветлување на случајот, додаде Стојковска.

 
 
25.10.2016 - 13:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега